Дополнителни препораки за заштита на здравјето
Помала употребата на денарската и девизната готовина

Почитувани граѓани, 

Како дел од мерките и апелите за зголемување на свесноста и одговорноста што сите ние ја имаме во заштитата на здравјето, а во услови на ширење на вирусната инфекција ковид-19, укажуваме и Ве информираме за следново:

Со оглед на тоа што готовината се смета за еден од честите канали за пренос на инфекцијата, а заради превенција од евентуално пренесување на заразата, апелираме да се намали употребата на готовина, а да се зголеми употребата на платежните картички и останатите алтернативни, електронски начини на извршување на трансакциите.

Мобилната апликација My Unibank е достапна за бесплатно превземање од каталогот за апликации поддржан од соодветниот оперативен систем (на Google Play и AppStore).
Во таа насока УНИБанка за својте клиенти, физички лица корисници на електронското и мобилното банкарство донесе одлука од 18.03.2020 до 20.04.2020 плаќањата да се без надомест за трансакции во денари (денарски налози на физички лица).
На таков начин ќе го заштитите сопственото здравје, како и здравјето на сите околу вас.

НБРСМ за намалување на ризиците од употребата на денарската готовина, воведе зајакнати протоколи за постапување, коишто се однесуваат на редовно повлекување на банкнотите и монетите што се во циркулација и нивно чување во карантин пред повторното пуштање во промет.

Ваквата процедура ќе се почитува и од страна на УНИБанка со цел заеднички да обезбедиме сведување на ризиците од контаминација и пренесување на заразата преку готовината којашто е во оптек на најниско ниво.

Истовремено укажуваме и за претпазливост при користењето на странската готовина (девизи) којашто е внесена од друга држава и носи висок ризик од пренесување на заразата.  Препораките од НБРСМ е неа да ја размените во овластените банки и менувачници, по што ќе се применат посебни мерки за постапување и со оваа готовина, за да се намали можноста за пренесување зарази преку овој канал.

Апелираме до сите граѓани да ги следат и да се придржуваат кон препораките од надлежните органи за да се справиме со настанатата состојба што побрзо и поефикасно. Како што е потврдено во многу случаи досега, превенцијата и соодветното следење на препораките се од клучно значење во справувањето со ваквите непогоди.