ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани,

УНИ Банка АД Скопје (понатаму: Банката) ги поддржува и следи мерките на Владата на РСМ и препораките на Народната Банка на РСМ за ублажување на последиците предизвикани со појавата на Коронавирусот COVID-19, кои се рефлектираат и во економијата и финансиското работење на правните субјекти.

Банката нуди соодветни решенија и олеснувања на сите свои корпоративни клиенти - кредитокорисници, погодени од моменталната ситуација, а чија кредитна изложеност на 29.02.2020 година е класифицирана во А, Б или В функционална категорија на ризик според Кредитниот Регистар на Народна Банка на РСМ.

Банката, како и во досегашното работење, ќе има индивидуален пристап кон секоја компанија, соодветно на специфичноста на нејзината дејност, опкружување и финансиската проекција за периодот кој следи.

Доколку Вашата компанија  се соочува со финансиски последици од настанатата состојба, аплицирањето за олеснување на Вашата кредитна изложеност е едноставно, со поднесување на следната документација:

  • Барање за олеснување на измирување на кредитна изложеност (Формуларот од барањето е достапен на интернет страната на Банката, односно на следниот линк);
  • Завршна сметка за 2019 година и заклучен лист за 31.12.2019 година, вклучително и за поврзаните субјекти.

Комплетната документација можете да ја испратите скенирана по е-маил до најблиската експозитура. Достапни Ви се и телефонските броеви на експозитурите, каде може да добиете дополнителни информации за процесот на аплицирање.

Контактите од сите експозитури можете да ги најдете на интернет страната на Банката, односно преку следниве линкови:

Стручниот тим на УНИБанка АД Ви е на располагање за изнаоѓање на правилно финансиско решение, со цел надминување на евентуалните финансиски потешкотии и одржување на долгорочна финансиска стабилност на Вашата компанија.

Добро здравје и успешно надминување на настанатата состојба да биде наш заеднички императив во деновите кои ни предстојат.

Со почит,
УНИБанка АД Скопје