ALK 3878.62 0.65% FERS 41000 0% GRNT 460.89 2.22% KARO 641 -2.88% KMB 2843.93 3.36% MPOL 190 -6.86% MPT 18048.15 0.27% MTUR 2651.38 1.98% RMDEN04 92 -1.91% RMDEN06 92 -1.08% RMDEN09 90.9 -0.11% RMDEN10 90.5 -0.52% SBT 2100 0% SKP 65695 0% STIL 115.37 3.26% TEL 509.99 -0.78% TNB 2250 0% TPLF 2233.85 3.42% TTK 990 -0.9%

УНИБрокер

Дирекцијата за работа со хартии од вредност во рамките на Банката, започна со давање на своите услуги на пазарот на капитал на 22.05.2002 год.

Со решение од Комисијата за работа со хартии од вредност, УНИБанка преку Дирекцијата за работа со хартии од вредност е прва банка овластен учесник во тргувањето со долгорочни хартии од вредност, членка на Македонската Берза и Централниот Депозитар.

Тоа подразбира дека Дирекцијата ги задоволи стандардите поставени од Комисијата за работа со хв, за техничка екипираност (тргувањето на Македонската берза се спроведува преку електронска врска и се одликува со голема брзина и квалитет) како и кадровска екипираност (стручниот тим во Дирекцијата го сочинуваат лиценцирани брокери со лиценца од Комисијата за работа со хартии од вредност, кои со својата стручна подготовка се способни брзо и квалитетно да одговорат на барањата на клиентите).