E-commerce
Што е е-commerce и кои се неговите предности
Е – commerce
E-commerce услугата Ви овозможува продавање на Вашите производи/услуги преку интернет т.е Вашата Интернет продавница со помош на платежни картички од брендот на MasterCard.
Сервисот е така развиен, што на правните лица, клиенти на Банката им овозможува на безбеден и сигурен начин безготовинско плаќање, помагајќи им да се вклучат во современите светски текови, искористувајќи ги предностите на глобалниот светски пазар.
Предности од користење на е –commerce услугата:
- ниски трошоци за формирање и одражување на Интернет продажното место во однос на класичното продажно место (не постои продавница во физичка смисла, оптимална количина на залиха, помал број на вработени и сл.);
- работење по принципот 24x7 (Интернет продажното место не е ограничено со работно време);
- достапност на производите/услугите до потрошувачите во целиот свет;
- cross-selling и поголема сегментација на пазарот;
- продавачот ќе биде идентификуван од страна на купувачот како лидер во примената на современата технологија.
За дополнителни информации можете да не контактирате на cards@unibank.com.mk или тел:02/3286-155




















