Корпоративно кредитирање
Кредитната поддршка која УНИБанка АД Скопје им ја нуди на малите и средни претпријатија е еден од најважните сегменти во работењето на Банката.
За секојдневните потреби на претпријатијата, било да се работи за обртни средства, или за инвестициски потреби, УНИБанка нуди богата понуда на кредитни продукти:
- рамковни кредити
- кредити за обртни средства
- инвестициски кредити
- кредити со кеш покритие
- рамковен револвинг кредит со есконт на чекови
- кредит за здравствени организации
- кредит за стоматолошки ординации
- кредит за енергетска ефикасност
- твој бизнис кредит
Кредит може да добие секое правно лице регистрирано согласно со Законот за трговски друштва со перспективен развој и со добри пазарни позиции.
Предност при добивање кредит за обртни средства имаат фирми кои:
- се депонент на банката (т.е. жиро-сметката им се води во УНИБанка АД
- денарските и девизните плаќања ги вршат преку УНИБанка АД.




















