Архива до 2007
УНИБанка потпиша два договори со USAID
УНИБанка како резултат на своето успешно работење и добрите резултати, како и постојаната насоченост кон клиентите , склучи два договори со USAID.
Со потпишување на првиот договор, USAID гарантира дел од износот на одобрените кредити на микро, мали и средни претпријатија во вкупен износ до 5 милиони долари.
Кредитите ќе се одобруваат на микро, мали и средни претпријатија кои стопанисуваат во областа на земјоделието, текстилната индустрија, трговијата, комуникации, услуги, транспорт и логистика, енергетска ефикасност и др. Пред се тоа се претпријатија кои настојуваат да го прошират својот бизнис или да навлезат на нови пазари. Целта е да се зголеми улогата на малите и средните претпријатија во развојот на економијата во Македонија, како и создавањето на нови работни места. УНИБанка веќе има пласирано конкретни кредитни продукти за микро, мали и средни претпријатија.
Вториот договор кој УНИБанка го склучи со USAID исто така гарантира дел од износот на одобрените кредити наменети за општините и ESCO компаниите. Целта на овој проект е да се издвојат финансиски средства за реализација на проекти врзани со енергетска ефикасност и други инфраструктурни проекти во македонските општини. Енергетска криза во регионот постепено придонесува до поголема свесност околу потрошувачката на енергија. Луѓето се повеќе се свртуваат кон алтернативни извори на енергија На тој начин се настојува да се намалат трошоците за енергија, што ќе овозможи финасирање на други проекти. Кредитниот продукт Енергетска ефикасност, банката го пласираше минатиот месец и веќе има заинтересираност од фирмите кои делуваат во сферата на искористување на алтернативни извори на енергија и намалување на трошоците, што доведува до заштеда при искористување на конвенционални извори на енергија.
Сите кредити во УНИБанка се одобруваат по доста поволни услови со грејс период, флексибилно обезбедување и флексибилен рок на враќање, соодветно на потребите и можностите на клиентот. Информации околу овие кредити може да се добијат во сите експозитури на УНИБанка низ Македонија.
Издавачите на платежни картички во Македонија, се здружија во напорите за заштита од злоупотреба на картичките
На иницијатива на VISA International С.Е.М.Е.А., а под покровителство на УНИБанка, во седиштето на Банката беше одржан Вториот Fraud Forum во Македонија.
На Форумот присуствуваа 16 институции-издавачи на платежни картички во Македонија, регионалниот риск менаџер на VISA за Југисточна Европа, координаторот на SECI- регионален центар за сузбивање на финансискиот и компјутерскиот криминал, претставник од Секторот за организиран криминал на МВР на РМ и претставник од Јавното Обвинителството на РМ.
Развојот на картичниот бизнис во секоја земја ја наметнува потребата од ваквата соработка меѓу издавачите на платежни картички заради превенција, детекција и зашита од злопупотреба.
Показателите за злоупотреба на картичките во Македонија укажуваат на многу мал процент на злоупотреба во споредба со светските трендови и показатели. Во тој контекст, формирањето на овој форум ќе овозможи пред се превентивни и навремени активности во доменот на маргинализирање на злоупотребата на картичките на овие простори.
Форумот ќе делува како тело, со свој конститутивен устав и претседател. Форумот ќе работи на редовни и вонредни средби а се со цел навремено информирање и следење за појавените или потенцијалните можности за појава на злопотребата.
УНИБанка е прва банка во регионот која ги примени стандардите за заштита од злоупотреба на платежните картички преку издавањето на картички со највисока технологија-примена на чип, која означува поголема сигурност и функционалност.
Прес - конференции
1. Прес-конференција за промоција на новите платежни картички
- Прес-конференција на УНИБанка по повод започнувањето со издавање платежни картички под лиценца на фамилијата MasterCard International. На конференцијата беа презентирани новите MasterCard кредитни картички со револвинг кредит (автоматски обновлив) и Maestro дебитна картичка.
Новите картички се базирани врз најсовремена чип-технологија единствена во Македонија и пошироко во регионот, која овозможува повисоко ниво на сигурност или безбедност на корисниците.
- Време и локација
16.12.2004 во Холидеј Ин, Скопје
- Присутни
Менаџерскиот тим на УНИБанка и претставници од сите релевантни медиуми.
Повеќе во Dneven Media Kliping - 17.12.2004.pdf
Бизнис форуми
УНИБанка заедно со Службата за трговско-економски прашања при Амбасадата на Република Бугарија во Скопје Ве покануваат да бидете гостин на претставувањето на трговско-економските односи меѓу Република Македонија и Република Бугарија и новата економска политика на УНИБанка-Скопје под мотото: Бизнисот на прво место!
Целта на овие презентации е да ги собере на едно место сите луѓе со идеи и можности за развој на трговско-економската соработка меѓу Р. Македонија и Р. Бугарија, како и да ги прикаже улогата, предностите и се разбира, местото на УНИБанка- Скопје во овој процес.
1. Бизнис Форум Гевгелија





















