Кредит Техномаркет и Нептун

НАМЕНСКИ ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ - КРЕДИТ ТЕХНОМАРКЕТ И НЕПТУН

НАМЕНСКИ ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ - КРЕДИТ ТЕХНОМАРКЕТ И НЕПТУН

Одобрување на кредитот е за ТРИ РАБОТЕНИ ДЕНА.

Основна намена на кредитот е за купување техничка стока од продавниците на ТЕХНОМАРКЕТ.

Износ на кредитот До 150.000 мкд
Номинална каматна стапка

референтна каматна стапка објавена од НБРМ (за период од 01.01.2012 – 30.06.2012 = 4%) + 8%

(Годишни стапки на вкупни трошоци)

Метод на пресметка Пропорционален
Рок на враќање
Од 3 до 36 месеци.
Нaчин на користење на средствата Еднократно.
Начин на плаќање Со цел семејството полесно да ги планира месечните расходи, плаќањето на кредитот се врши во еднакви месечни ануитети. Дозволено е предвремено враќање на дел од главницата или на целата главница, само ако е најмалку во износ од еден месечен ануитет.
Обезбедување

  • Меница со менични изјави
  • Административни забрани од кредитобарателот
  • До 60.000 мкд до 24 месеци рок на враќање без жирант
  • До 60.000 мкд до 24 месеци рок на враќање со еден или двајца жиранти
  • До 150.000 мкд од 25 до 36 месеци рок на враќање со еден или двајца жиранти
Рок на одговор на барањето

Во рамките на три работни дена.



Провизија за управување со кредитот 2% еднократна провизија на одобрениот кредит.
600,00 ден манипулативни трошоци за обработка на кредитното барање.
Провизија за предвремено враќање 0% на предвреме вратената главница
Предоговарање на условите 600,00 денари за промена на услови

Услови кои треба да ги исполнува кредитобарателот

  • Да е кредитоспособно физичко лице;
  • Да е вработено по Договор на неопределено време со документирани месечни приходи
  • Клиенти кои се вработени на определено време може да аплицираат за кредит во следниве случаи:
    - доколку рокот на кредитот истекува пред рокот на договорот за работа
    - доколку обезбедат жирант/и, вработен/и на неопределено време.
Старосна граница Кредитобарателот треба да е кредитоспособно физичко лице македонски граѓанин на возраст од 18 до 64 години во кои влегуваат навршените години на старост плус периодот на враќање на кредитот.
Неопходен доход на кредитокорисникот

 

  1. Минимален нето доход од 5.500 МКД без вклучени дополнителни примања;
  2. Месечните задршки по основ на ануитети за кредити да не поминува 1/3 од декларираниот месечен доход;
  3. Месечните задршки по основ на ануитети за кредити да не поминува 1/2 од декларираниот месечени доход за кредитобаратели вработени во јавна администрација, буџетска институција или АД;
  4. Дополнителни приходи кои можат да се документираат се земаат во предвид при оценка на кредитоспособноста на клиентот по оценка на Банката.

 

Доколку ги исполнувате условите за одобрување на кредитното барање неопходно е :

  • Комплетно и уредно да ги пополните формуларите- барање за кредит и да ги приложите сите останати документи посочени од кредитниот референт.
  • Кредитот се одобрува во тек на три работни дена.
  • Доколку кредитното барање биде одобрено се склучува Договор за кредит и Договор за жиранство, така што кредитобарателот и жирантот ја потпишуваат потребната документација.
  • Купената стока можете веднаш да ја подигнете од продавниците на ТЕХНОМАРКЕТ.

Неопходни документи

 

  • Договор за вработување, М1/М2  за вработени во приватен сектор
  • Копија од претходни договори за вработување на вработени на определено време
  •  Заверени рекапитулари за последни 6 месеци само за вработени во приватен сектор
  • Потврда за редовен работен однос (образец на УНИБанка)
  • Потврда за плата (образец на УНИБанка)
  • Административна забрана (образец на УНИБанка)
  • Профактура 

 

 

 


Калкулатор за кредити
Износ на кредитот
Годишна каматна стапка %
Број на рати
Месечна рата
*Калкулаторот е информативен.
За точна пресметка ве молиме обратете се во најблиската експозитура