Авто експрес кредит
Авто експрес кредит
Автомобилски кредит без зaлог на автомобил, само и едноставно со жиранти.
| Износ на кредитот | До 600.000 мкд |
|---|---|
| Каматна стапка |
Референтна каматна стапка објавена од НБРМ (за период од 01.01.2012 – 30.06.2012 = 4%) + 8% |
| Метод на пресметка | Пропорционален |
| Рок на враќање |
до 96 месеци. |
| Нaчин на користење на средствата | Еднократно, средствата се префрлаат наменски за купување на автомобил. |
| Начин на плаќање | Плаќањето на кредитот се врши во еднакви месечни ануитети. Дозволено е предвремено враќање на дел од главницата или целата главница, само ако е најмалку во износ од еден месечен ануитет. |
| Обезбедување |
|
| Рок на одговор на барањето |
Во рок од 3 работни дена од доставување на комплетна и уредно потполнета документација |
| Провизија за управување со кредитот |
|
|---|---|
| Провизија за предвремено враќање | 0% на предвреме вратената главница |
| Предоговарање на условите | 600,00 мкд еднократно |
| Ангажирање на средствата повеке од 30 дена | 0,5% од вредноста на ангажираните средства |
Услови кои треба да ги исполнува кредитобарателот
- Да е кредитоспособно физичко лице;
- Да е вработено по Договор на неопределено време со документирани месечни приходи
- Клиенти кои се вработени на определено време може да аплицираат за кредит во следниве случаи:
- доколку рокот на кредитот истекува пред рокот на договорот за работа
- доколку обезбедат жирант/и, вработен/и на неопределено време.
| Старосна граница | Кредитобарателот треба да е кредитоспособно физичко лице македонски граѓанин на возраст од минимум 18 години до макисимално 64 години во кои влегуваат навршените години на старост плус периодот на враќањето кредитот |
|---|---|
| Минимален рок на експлоатација на имотот | Минимален доход на кредитокорисник: два пати поголем од износ на ануитет, но не помалку од 7.500 денари плус ануитет. 1) Минимален нето доход од 7.500 МКД без вклучени дополнителни примања (хранарина, превоз),истовремено 2) Месечниот ануитет да не поминува 1/3 (една третина) од декларираниот месечен доход (според потврда и пресметка на плата и рекапитулари) и 3) Месечниот доходот во семејството истовремено да е два пати поголем од износ на ануитетот плус 50 евра по член од семејството |
Доколку ги исполнувате условите за одобрување на кредитното барање неопходно е :
- Комплетно и уредно да ги пополните формуларите- барање за кредит и да ги приложите сите останати документи посочени од кредитниот референт.
- Ке добиете одговор во рок од 3 работни дена.
- Доколку кредитното барање биде одобрено се склучува Договор за кредит и Договор за жиранство.
- Кредитобарателот треба лично да дојде во банката за да ја потпишат потребната документација.
Средствата од кредитот веднаш се префрлаат наменски според приложената профактураили фактура на сметката на автосалонот.
Неопходни документи
Откако ќе ги пополните, датирате и потпишете формуларите од барањето за одобрување на кредит и ги приложите • Копија од лична карта на кредитобарателот .
- Договор за работа
- Образец М1/М2, а за приватен сектор образец М4 и рекапитулари за изминатите 6 месеци
- Заверени Административни забрани за кредитобарателот, како и потврда за плата за последните 6 месеци
- Профактура за автомобилот кој се купува.

























