Хипотекарен кредит
Хипотекарен кредит
Хипотекарниот кредит Ви овозможува со ставање на хипотека на недвижен имот да ги обезбедите средствата кои Ви се неопходни за:
- Купување покуќнина за домаќинство;
- За реновирање;
- За финансирање на сопствен бизнис;
- За намирување на постоечки задолженија и рефинансирање на кредити;
- За плаќање на школување;
- За патување и одмор;
- За други тековни потреби;
- Или едноставно затоа што имате потреба од пари поради непредвидени плаќања.
Во сите случаи ќе го зголемите Вашиот имот.
Сите тие без разлика дали станува збор за тековни трошоци или реновирање имаат едно заедничко нешто – земање пари на кредит за подобрување на квалитетот на Вашиот стан, куќа или Вашиот живот во целост.
- Услови на програмата “Хипотекарен кредит”
- Провизии и надоместоци
- Услови кои треба да ги исполнува кредитобарателот
- Неопходни документи
- Процедура за кандидирање
| Износ на кредитот |
|
|---|---|
| Номинална каматна стапка; |
|
| Метод на пресметка | Пропорционален |
| Процент на кредитирање со банкарскиот кредит |
|
| Рок на враќање |
|
| Начин на користење на средствата | Еднократно по обезбедување на следниот документ од страна на кредитобарателот:
|
| Начин на плаќање | Со цел семејството полесно да ги планира месечните расходи, плаќањето на кредитот се врши во еднакви месечни ануитети. Дозволено е предвремено враќање на дел од главницата или целата главница. При предвремено враќање се одбива каматата и се наплаќа 5% казнен пенал за предвремено враќање. |
| Обезбедување |
|
| Рок на одговор на барањето |
Во рок од 5 работни дена од доставување на комплетна и уредно потполнета документација |
| Осигурување на недвижниот имот |
Осигурувањето на имотот е на товар на кредитобарателот. |
| Проценка на недвижниот имот | Само првата година проценката е на терет на кредитокорисникот а секоја наредна година на терет на банката. |
| Провизија за разгледување и управување со кредит |
|
|---|---|
| Проценка на имотот | Според параметрите на недвижниот имот, кредитобарателот ја плаќа проценката на имотот само првата година, секоја наредна год ја плаќа банката. |
| Провизија за предвремено враќање | 5% на предвреме вратената главница. |
| Старосна граница | Кредитобарателот треба да е кредитоспособно физичко лице македонски граѓанин на возраст од минимум 18 години до макисимално 64 години во кои влегуваат навршените години на старост плус периодот на враќањето кредитот. |
|---|---|
| Неопходен доход на кредитобарател/ите |
Минимум двапати месечен ануитет по кредитот. Така Вие ќе имате сигурност дека ќе можете да го намирувате навремено месечниот ануитет дури при промена во висината на Вашиот личен доход во текот на наредните години. Кредитобарателот треба да е во редовен работен однос на неопределено време. |
Неопходни документи
1. Документи за финансиска кредитоспособност на клиентите
- Барање за кредит
- Лична карта на кредитобарателот/ко-кредитобарателот
- M-1/M-2, договор за работа на кредитобарателот/ко-кредитобарателот (за приватен сектор).
- Потврда од работодавателот за остварена нето плата во последните 12 месеци на кредитобарателот/ко-кредитобарателот + заверени образци за месечна пресметка на плата за последните 6-12 месеци за приватен сектор.(рекапитулари)
- Административни забрани
- Изјава за поврзани лица
- Други документи за докажување на приход
- Договори за други кредитни односи
2. Документи за имотот
- Лична карта од сопствениците на имотот
- Документ за сопственост на имотот кој се става по хипотека (Имотен лист)
- Потврда од суд за недвижен имот кој не е ставен под хипотека
- Документ за семејната состојба на сопствениците на имотот, предложен за обезбедување(извод од матична книга на венчани или извод од матична книга на родените). * Не е задолжително при поднесување на барањето но клиентот мора да го има за пред нотар
- Дополнителни документи по барање на банката.
Процедура за разгледување на вашето кредитно барање
Откако ќе ги пополните, датирате и потпишете формуларите од барањето за одобрување на кредит и ги приложите неопходните документи во банката, кредитните инспектори т.е референти во УНИБанка започнуваат да ги проверуваат и анализираат доставените информации.
Овој процес трае околу 5 дена во зависност од карактеристиките на секое кредитно барање.
За некои од кредитобарателите одредени работи во врска со кредитот остануваат нејасни. Вие слободно можете да го прашате кредитниот рефетент за се што не Ви е јасно и што да очекувате - ТОА Е ВАШИОТ КРЕДИТЕН КОНСУЛТАНТ.
Барањето за кредит се разгледува во две фази:
Прва фаза
Во оваа фаза Банката проверува дали кредитобарателот одговара на барањата на банката и го определува максималниот кредитен лимит како и рокот на враќање.Во оваа фаза постои можност вработен во банката да Ви се обрати и да Ве повика на уште една средба во банката за да бидат прецизирани уште некои дополнителни податоци во врска со Вашето барање за кредит ако тоа е неопходно. Банката за донесената одлука, односно дали понатаму ќе се продолжи со разгледување Ве информира телефонски.
Втора фаза
Во оваа фаза банката врши проверка на запишаните товари на имотот кој служи за обезбедување на кредитот. Ако такво нешто нема се прави проценка на имотот од Овластен судски проценител. Трошоците за проценка на недвижниот имот одат на товар на кредитобарателот само првата година, секоја наредна на товар на банката. Доколку резултатите од проценката се позитивни, Банката ќе Ве покани да склучите договор за кредит.

























