Станбен кредит

СТАНБЕН КРЕДИТ

Овој вид кредит се користи исклучиво за купување недвижен имот. Кредитокорисникот може да ги искористи средствата за купување:

  • Стан
  • Куќа
  • Деловен простор
  • Друг недвижен имот
  • Рефинансирање

Доколку сакате да си обезбедите нешто од претходно наброеното, од Вас не се очекува да располагате со целата сума потребна за купување, неопходно е само да ја искористите кредитната програма “Станбен кредит” која Ви ја нуди УНИБанка.

  • Услови на програмата “Станбен кредит”
  • Провизии и надоместоци
  • Услови кои треба да ги исполнува кредитобарателот
  • Неопходни документи
  • Процедура за разгледување на Вашето кредитно барање
Износ на кредитот

 

  • До 100.000,00 ЕUR за денарски кредити со девизна клаузула.
  • До 900.000,00 МКД за денарски кредити.

 

Номинална каматна стапка
  • За денарски кредити со девизна клаузула:
    - 6,75% фиксна за први 2 години 7,50% променлива за останат период за клиенти со плата преку УНИБанка
    - 7,75% променлива за клиенти без плата преку УНИБанка
  • За денарски кредити:
    - од 9%
(Годишни стапки на вкупни трошоци)
Метод на пресметка Пропорционален
Процент на кредитирање со банкарскиот кредит
  • до 60% од вредноста на пазарната проценка на имотот.
Рок на враќање

 

  • До 300 месеци со можност за вклучен грејс период до 12 месеци за денарски кредити со девизна клаузула
  • До 120 месеци за денарски кредити

 

Начин на користење на средствата Еднократно по обезбедување на следните документи од страна на кредитобарателот:

  • Имотен лист со запишана хипотека.
Начин на плаќање Со цел семејството полесно да ги планира месечните расходи , плаќањето на кредитот се врши во еднакви месечни ануитети. Дозволено е предвремено враќање на дел или целата главницата. При предвремено враќање се одбива каматата и се напаќа 5% казнен пенал за предвремено враќање.
Обезбедување
  • Хипотека на недвижен имот.
  • Меница со менични изјави.
  • Административни забрани за кредитобарателот и кокредитобарателот.
Рок на одговор на барањето
Во рок од 5 работни дена од доставување на комплетна и уредно пополнета документација.
Осигурување на недвижниот имот
Осигурувањето на имотот е на товар на кредитобарателот.
Проценка на недвижниот имот Само првата година проценката е на товар на кредитокорисникот, а секоја наредна год на товар на Банката.


Провизија за разгледување и управување со кредит
  • 1,25% еднократна провизија на одобрениот кредит за клиенти со плата преку УНИБанка
  • 1,50% еднократна провизија на одобрениот кредит за клиенти без плата преку УНИБанка

  • Манипулативни трошоци и разгледување на кредитното барање за денарски кредити со девизна клаузула:
    - За износ до 19 999 евра - 20 еур
    - За износ од 20 000 до 49 999 евра - 30 еур
    - За износ од 50 000 до 100 000 евра - 50 еур

  • Манипулативни трошоци и разгледување на кредитното барање за денарски кредити:
    - 1200 мкд
Провизија за предвремено враќање 5% на предвреме вратената главница.
Старосна граница Кредитобарателот треба да е кредитоспособно физичко лице македонски граѓанин на возраст од минимум 18 години до макисимално 64 години во кои влегуваат навршените години на старост плус периодот на враќањето на кредитот.
Неопходен доход на кредитобарател/ите Минимум двапати месечен ануитет по кредитот.

Процедура за разгледување на вашето кредитно барање

Откако ќе ги пополните, датирате и потпишете формуларите од барањето за одобрување кредит и ги приложите неопходните документи во банката, кредитните инспектори т.е референти во УНИБанка започнуваат да ги проверуваат и да ги анализираат доставените информации.
Овој процес трае околу 5 дена во зависност од карактеристиките на секое кредитно барање.
За некои кредитобаратели одредени работи во врска со кредитот остануваат нејасни. Вие слободно можете да го прашате кредитниот рефетент за се што не Ви е јасно и што да очекувате - ТОА Е ВАШИОТ КРЕДИТЕН КОНСУЛТАНТ.


Барањето за кредит се разгледува во две фази:

Прва фаза
Во оваа фаза Банката проверува дали кредитобарателот одговара на барањата на банката и го определува максималниот кредитен лимит како и рокот на враќање. Во оваа фаза постои можност вработен во банката да Ви се обрати и да Ве повика на уште една средба во банката за да бидат прецизирани уште некои дополнителни податоци во врска со Вашето барање за кредит ако тоа е неопходно. Банката за донесената одлука, односно дали понатаму ќе се продолжи со разгледување Ве информира телефонски.

Втора фаза
Во оваа фаза банката врши проверка на запишаните товари на имотот кој служи за обезбедување на кредитот. Ако такво нешто нема се прави проценка на имотот од Овластен судски проценител. Трошоците за проценка на недвижниот имот одат на товар на кредитобарателот само првата година, секоја наредна година на товар на банката. Доколку резултатите од проценката се позитивни, Банката ќе Ве покани да склучите договор за кредит.

1. Документи за финансиска кредитоспособност на клиентите

  • Барање за кредит
  • Лична карта на кредитобарателот/ко-кредитобарателот
  • M-1/M-2, договор за работа на кредитобарателот/ко-кредитобарателот (за приватен сектор).
  • Потврда од работодавателот за остварена нето плата во последните 12 месеци на кредитобарателот/ко-кредитобарателот + заверени образци за месечна пресметка на плата за последните 6-12 месеци за приватен сектор.(рекапитулари)
  • Административни забрани
  • Изјава за поврзани лица
  • Други документи за докажување на приход
  • Договори за други кредитни односи

2. Документи за имотот

  • Лична карта од сопствениците на имотот
  • Документ за сопственост на имотот кој се става по хипотека (Имотен лист)
  • Потврда од суд за недвижен имот кој не е ставен под хипотека
  • Документ за семејната состојба на сопствениците на имотот, предложен за обезбедување (извод од матична книга на венчани или извод од матична книга на родените). * Не е задолжително при поднесување на барањето но клиентот мора да го има за пред нотар
  • Дополнителни документи по барање на банката.

Калкулатор за кредити
Износ на кредитот
Годишна каматна стапка %
Број на рати
Месечна рата
*Калкулаторот е информативен.
За точна пресметка ве молиме обратете се во најблиската експозитура