Студентски кредит

СТУДЕНТСКИ КРЕДИТ

Доколку Ви недостасуваат финансиски средства за плаќање уписнина на факултет или продолжување на Вашето
образование, купување на компјутер или други помагала за Вашето образование, не губете надеж.

УНИБанка Ви нуди можност за нов наменски кредит, студентски кредит, кој ќе им овозможи на студентите да обезбедат финансиски средства за оласнување на Вашето студирање.

Кредитот е со поволни услови:

  • лимит до 240.000,00 денари
  • со грејс период од 1-3 месеци
  • брз рок на oдобрување

подарок:

  • бесплатни дебитни картички Maestro и Visa Electron !!!

Со УНИБанкa инвестирајте во знаење, знаењето е најголемо богатство на светот!!!

Износ на кредитот До 240.000,00 МКД
Каматна стапка

Референтна каматна стапка објавена од НБРМ (за период од 01.01.2012 – 30.06.2012 = 4%) + 8%

(Годишни стапки на вкупни трошоци)

Метод на пресметка Пропорционален
Рок на враќање До 36 месеци, во кој е вклучен грејс период од 3 месеци
Начин на користење на средствата Наменски за плаќање на семестрални /годишни партиципации
Начин на плаќање Со цел семејството полесно да ги планира месечните расходи , плаќањето на кредитот се врши во еднакви месечни ануитети. Дозволено е предвремено враќање на дел од главницата или целата главница, само ако е најмалку во износ од еден месечен ануитет. 
Обезбедување
  • Задолжително ко-кредитобарател и жирант
  • Меница со менична изјава од кредитокорисникот, ко-кредитокорисникот и жирантот
  • Административни забрани
Рок на одговор на барањето Во рок од 3 работни дена од доставување на комплетна и уредно потполнета документација.


Провизија за управување со кредитот
  • 2% еднократна провизија на одобрениот кредит. вклучително и меница.
  • 600 денари за манипулативни трошоци и за разгледување на кредитното барање.
Провизија за предвремено враќање 0% на предвреме вратената главница
Предоговарање на условите 600 денари за промена на услови
Услови кои треба да ги исполни кредитокорисникот
  • Да е редовен студент. Македонски граѓанин, со навршено полнолетство.
  • Да има доставено во прилог на барањето до банката, про-фактура за плаќање на уписнина на факултет.
  • Задолжителен ко-кредитобарател и жирант
Услови кои треба да ги исполни ко-кредитобарателот

 

  1. Минимален нето доход од 5.500 МКД без вклучени дополнителни примања;
  2. Месечните задршки по основ на ануитети за кредити да не поминува 1/3 од декларираниот месечен доход;
  3. Месечните задршки по основ на ануитети за кредити да не поминува 1/2 од декларираниот месечени доход за кредитобаратели вработени во јавна администрација, буџетска институција или АД;
  4. Дополнителни приходи кои можат да се документираат се земаат во предвид при оценка на кредитоспособноста на клиентот по оценка на Банката

 

Услови кои треба да ги исполни жирантот
  1. Минимален нето доход од 5.500 МКД без вклучени дополнителни примања;
  2. Месечните задршки по основ на ануитети за кредити да не поминува 1/3 од декларираниот месечен доход;
  3. Месечните задршки по основ на ануитети за кредити да не поминува 1/2 од декларираниот месечени доход за кредитобаратели вработени во јавна администрација, буџетска институција или АД;
  4. Дополнителни приходи кои можат да се документираат се земаат во предвид при оценка на кредитоспособноста на клиентот по оценка на Банката

Процедура за разгледување на вашето кредитно барање

Доколку ги исполнувате условите за одобрување на кредитното барање неопходно е:

  • Комплетно и уредно да ги пополните формуларите- барање за кредит и да ги приложите сите останати документи посочени од кредитниот референт.
  • Ке добиете одговор во рок од 3 работни дена.
  • Доколку кредитното барање биде одобрено се склучува Договор за кредит и Договор за жиранство.
  • Кредитобарателот , кокредитобарателот и жирантите треба лично да дојдат во банката за да ја потпишат потребната документација.

Неопходни документи

За студентот:

  • Копија од индекс или потврда за редовен студент  
  • Профактура

За ко-кредитобарателот:

  • Договор за вработување, М1/М2  за вработени во приватен сектор
  • Заверени рекапитулари за последни 6 месеци само за вработени во приватен сектор
  • Потврда за редовен работен однос (образец на УНИБанка)  
  • Потврда за плата (образец на УНИБанка) 
  • Административна забрана (образец на УНИБанка)

Калкулатор за кредити
Износ на кредитот
Годишна каматна стапка %
Број на рати
Месечна рата
*Калкулаторот е информативен.
За точна пресметка ве молиме обратете се во најблиската експозитура