Кредит по мерка

Ненаменски потрошувачки кредит КРЕДИТ ПО МЕРКА

Ви требаат пари ?

Едноставно, брзо и без жиранти до потребните средства.
Можност за над 100 комбинации за кредит, со жирант, без жирант, денарски, девизен, краткорочен, долгорочен итн.

Средствата ќе ги обезбедите без хипотека на недвижен имот, без блокирање на Вашите средства, без дополнителни расходи.

Износ на кредитот Денарски кредит и тоа минимум 14.000 денари максимум 300.000,00 денари вклучително камати и трошоци
Каматна стапка
  • Референтна каматна стапка објавена од НБРМ (за период од 01.07.2011 – 31.12.2011 = 4%) + 8%
  • Со плата преку УНИБанка = 10,50%
(Годишни стапки на вкупни трошоци)
Метод на пресметка Пропорционален
Рок на враќање До 48 месеци
Начин на користење на средствата Еднократно
Начин на плаќање Со цел семејството полесно да ги планира месечните расходи, плаќањето на кредитот се врши во еднакви месечни ануитети. Дозволено е предвремено плаќање на дел од главницата или целата главница, само ако е најмалку во износ од еден месечен ануитет. 
Обезбедување Aдминистративна забрана и меница со менична изјава од кредитокорисникот.
За вработени во фирма со еден вработен, дополнително по проценка на кредитниот референт обезбедување жиранти.
Рок на одговор на барањето Во рок од 3 работни дена од доставување на комплетна и уредно потполнета документација


Провизија за управување со кредитот
  • 2% еднократна провизија на одобрениот кредит
  • 600,00 Денари за манипулативни трошоци и за разгледување на кредитното барање
Провизија за предвремено враќање 0% на предвреме вратената главница
Предоговарање на условите 600,00 денари за промена на услови

 

За овој кредит може да аплицира секој граѓанин кој истовремено ги исполнува следните услови:

  • Да е кредитоспособно физичко лице
  • Да е вработено по Договор на неопределено време со документирани месечни приходи
  • Клиенти кои се вработени на определено време може да аплицираат за кредит во следниве случаи:
    - доколку рокот на кредитот истекува пред рокот на договорот за работа
    - доколку обезбедат жирант/и, вработен/и на неопределено време
Старосна граница

Кредитобарателот треба да е кредитоспособно физичко лице македонски граѓанин на возраст од минимум 18 години до макисимално 64 години во кои влегуваат навршените години на старост плус периодот на враќањето кредитот

Неопходен доход на кредитокорисникот

1) Минимален нето доход од 5.500 МКД без вклучени дополнителни примања;
2) Месечните задршки по основ на ануитети за кредити да не поминува 1/3 од декларираниот месечен доход;
3) Дополнителни приходи кои можат да се документираат се земаат во предвид при оценка на кредитоспособноста на клиентот по оценка на Банката

Доколку ги исполнувате условите за одобрување на кредитното барање неопходно е :

  • Комплетно и уредно да ги пополните формуларите- барање за кредит и да ги приложите сите останати документи посочени од кредитниот референт.
  • Ќе добиете одговор во рок од 3 работни дена.
  • Доколку кредитното барање биде одобрено се склучува Договор за кредит и Договор за жиранство.
  • Кредитобарателот треба лично да дојде во банката за да ја потпишат потребната документација.

Средствата од кредитот можете да си ги подигнете веднаш, истиот ден по потпишување на неопходните документи.


  • Договор за вработување, односно М1/М2
  • Копија од претходни договори за вработување на вработени на определено време
  • Заверени рекапитулари за последни 6 месеци
  • Потврда за редовен работен однос (образец на УНИБанка)
  • Потврда за плата (образец на УНИБанка)
  • Административна забрана (образец на УНИБанка)

 

 


Калкулатор за кредити
Износ на кредитот
Годишна каматна стапка %
Број на рати
Месечна рата
*Калкулаторот е информативен.
За точна пресметка ве молиме обратете се во најблиската експозитура