Дебитни картички

Дебитни картички


 

УНИБанка Ви предлага најниски провизии за опслужување на дебитните картички (од VISA и/или MasterCard брендот) :

  • Издавање на основна и дополонителна картичка - бесплатно;
  • Подигање готовина на банкомати на УНИБанка -бесплатно ;
  • Бесплатни е-мејл нотификации за сите прокнижени трансакции направени со картичките во земјата и странство;
  • Каматна стапка на паричните средства на картичката - 0,2% годишно;

Дебитните картички на УНИБанка се поврзани со трансакциска сметка и овозможуваат плаќање сметки за електрична енергија, телефон и др. преку соодветни налози.

Visa Electron и MasterCard дебитните картички може да се користат за интернет плаќања кај сите трговци кои ги прифаќаат овие картички и е назначено соодветното лого, додека Maestro картичката се користи за плаќање само кај трговците со кои имаме склучено договор.

Уште една дополнителна карактеристика на MasterCard дебитната картичка е приказ на трансакциската сметка на самата картичка за полесно користење на истата.

УНИБанка Ви дава можност за издавање дополнителни картички на една сметка на блиски или членови на семејството по Ваше ополномоштување. Овие картички се особено поволни за Вашите деца – ученици и студенти.

Доколку се склучи посебен договор со Банката за кредит за дозволено пречекорување, Вашата дебитна картичка може да стане кредитна!

Бесплатна дебитна картичка (од VISA или MasterCard брендот) може да Ви биде издадена во било која експозитура на УНИБанка низ Р.Македонија.

Ние го цениме времето и парите на нашите клиенти.