Инвестициони кредити
УНИБанка АД одобрува кредити за финансирање на Вашите потреби за купување претпријатија, делови или акции од друштва, недвижности, опрема, реконструкција и проширување како и проектно финансирање.
Услови
- износ
Максималниот износ на кредитот е во зависност од потребите и бизнисот на клиентот, видот и вредноста на обезбедувањето. - рок
Рокот на намирување на кредитот за инвестициони цели е најчесто до 5 години. - каматна стапка
Каматните стапки се договараат во зависност од бизнисот, бонитетот на кредитобарателот и понуденото обезбедување и се движат во интервал од 6,5% до 16% на годишно ниво. Во зависност од видот на валутата, каматната стапка може да биде променлива определена на база на EURIBOR, LIBOR или др. - обезбедување
УНИБанка АД може да прифати секаков вид на обезбедување согласно со документи за сопственост и проценка за понуденото обезбедување, кој би го покривал долгот кон Банката согласно со дефинираните услови, но не помалку од 125%.




















