Кредит за обртни средства
УНИБанка АД одобрува кредити за финансирање на Вашите потреби за обртни средства.
УНИБанка АД дава можност на своите клиенти да користат одреден износ за конкретна цел, еднократно или на рати, во определен рок со отплата согласно со амортизациониот план и при услови договорени со Банката.
Услови
- износ
Максималниот износ на кредит е во зависност од потребите и бизнисот на клиентот, видот и вредноста на обезбедувањето. - рок
Рокот на намирување на конкретниот кредит за обртни средства е најчесто до 1 година. - каматна стапка
Каматните стапки се договараат во зависност од бизнисот, бонитетот на кредитобарателот и понуденото обезбедување и се движат во интервал од 6,5% до 16% на годишно ниво. - обезбедување
УНИБанка АД може да прифати секаков вид обезбедување согласно со документите за сопственост и проценка за понуденото обезбедување, кој би го покривал долгот кон Банката согласно со дефинираните услови, но не помалку од 125%.


















