ISO 9001:2000
Квалитет – ISO 9001:2000
Согласност со Деловната и Развојната Политика на УНИБанка, извршена е сертификација на усогласеноста на Системот за управување со квалитет во УНИБанка со стандардот ISO 9001:2000. Сертификацијата ја изврши Certification International UK Bulgaria во текот на мај 2007 година.

Сеопфатниот начин на управување на Банката согласно стандардот ISO 9001:2000 е многу важна алатка во управувањето на Банката.
Банката се управува врз основа на Прирачникот за управување со квалитетот во УНИБанка и низа на политики, процедури, упатства, работни инструкции итн, од различен ранг и хиерархија. Документацијата е достапна на вработените согласно нивото на овластувања на intranet web site-от на УНИБанка АД Скопје.
Она што е важно за Системот за управување со квалитет на УНИБанка е постојано создавање и имплементација на записи за квалитет за процесите во УНИБанка согласно влезните информации од било која област: регулаторна, маркетиншка, буџетска, макроекономска итн.
Во управувачка смисла, моделот за управување со квалитетот дава подлога за јакнење на процесниот модел на организација на Банката, јакнење на способноста за управување на целите на Банката, унапредување на барањата кон маркентигот и управувањето со човечките ресурси, јакнење на способноста за развој на организацијата во динамичното опкружување.
Квалитетната услуга претставува основен чинител за зголемување на бројот на клиенти во банката и со тоа и моќно средство за одржување на растот на банката.

























