ПОС Терминали
Како да станете корисник на ПОС Терминал од УНИБанка
Со цел овозможување на прифаќањето на картички во Вашите продажни места во соработка со УНИБанка, потребно е да склучите договор за користење на ПОС Терминал. На овој начин ќе бидете во чекор со современите текови во банкарство, притоа користејќи ги бенефициите на електронско безготовинско плаќање со картички и остварување на конкурентска предност на пазарот.
Поволности за корисниците на ПОС терминали на УНИБанка:
УНИБанка на корисниците на ПОС терминали им ги овозможува следниве бенефиции:
- Организирање на наградни игри за трговци кои имаат соработка со УНИБанка во делот на ПОС Терминали
- Навремено обезбедување со нови ПОС Терминали при проширување на постоечката мрежа на продажни места на трговците
- Неограничен број на ПОС Терминали по продажно место
- Модерни, брзи и ефикасни електронски уреди за плаќање со картички
- Бесплатна едукација на персоналот за опслужување на ПОС Терминали
- Рекламни материјали
- 24 h техничка поддршка за правилно опслужување на ПОС Терминали
- Навремено сервисирање и задоволување на сите потреби и барања
Документи за поставување на ПОС Терминал:
Доколку сте заинтересирани за поставување на ПОС Терминал од УНИБанка, Ве молиме уредно да го пополните и доставите барањето за инсталирање на ПОС терминал во некоја од експозитурите на УНИБанка или на следната маил адреса cards@unibank.com.mk
За сите дополнителни информации, Ви стоиме на располагање на:
cards@unibank.com.mk
тел: 02 32-86-155





















