Соопштенија до медиуми
29.10.2008. УНИБанка прогласена за најдобра мала банка во Македонија за 2008
УНИБанка е добитник на овогодинешното признание за најдобра мала банка во Македонија за 2008 година, од угледниот економски магазин “Finance Central Europe” од Велика Британија-Лондон. Ова признание е потврда на константното успешно работење, задоволување на критериумите на пазарот и антиципирање на потребите на клиентите.
Најдобар доказ за тоа е прогресивниот раст на клиентите што укажуваат доверба на УНИБанка кој од месец до месец расте.
Ова признание е мотив повеќе да се продолжи со остварување на успешната мисија на работењето на УНИБанка, воведување на нови продукти и иновативни услуги и следење на основното мото на работење - Банка на клиентот.

























