Соопштенија

УНИБанка ќе прифаќа VISA картички на ПОС терминалите

УНИБанка ја доби Visa POS Merchant Acquiring лиценцата со која на своите ПОС терминали ќе може да ги прифаќа и VISA картичките. Со оваа лиценца, УНИБанка ја заокружи функционалноста на сопствените ПОС терминали и овозможи тие да ги прифаќаат картичките од сите големи светски брендови: VISA, MasterCard, Diners, но и сите домашни картички.

“Добивањето на сите потребни лиценци, вклучувајќи ја и последната од VISA е доказ за нашето стабилно и сигурно работење по високо професионални критериуми. Задоволни сме што наметнавме сосема нова филозофија и стандарди во картичното  работење, првенствено насочени  кон задоволување на потребите на клиентите. Во план е имплементирање на дополнителни функционалности на мрежата на нашите терминали за кои јавноста и клиентите наскоро ќе бидат информирани”- изјави Биљана Доновска - Гечева, директор на секторот картично работење во УНИБанка.

УНИБанка е првата банка која издава и прифаќа картички со заштитна чип технологија уште од 2004 година. Една година подоцна, УНИБанка ја постави најголема мрежа на банкомати во Македонија, кои ги поврза со ГПРС технологија. Оваа банка прва на клиентите на македонскиот пазар  им ја понуди услугата за електронско плаќање со картички преку интернет во 2008 година.