Настани
Доделена главната награда од наградната игра Двојна добивка со УНИБанка, MasterCard и Маестро
Емине Биљали ќе оди на спа викенд во хотелот Кемпински во Банско
По три месеци, наградната игра “Двојна добивка со УНИБанка и MasterCard” го одбележа својот крај со официјалното извлекување на наградите за среќните добитници.
Главната награда – спа викенд за двајца во хотелот со пет ѕвездички Кемпински во Банско, Бугарија ја доби Емине Биљали од Куманово.
Добитничката е вработена како главна сестра во Општата болница во Куманово, сопруга и мајка на два сина. Со својата MasterCard картичка издадена од УНИБанка во периодот на траење на наградната игра направила трансакции во трговијата на шопинг во Швајцарија пред новогодишните празници.
Тоа и овозможи да биде избрана меѓу потенцијалните учесници кои ги исполнија условите за учество во наградната игра на УНИБанка и MasterCard.
Емине Биљали, на официјалното доделување во централата на УНИБанка во Скопје ни изјави: “Kога телефонски ми соопштија дека сум добитничка на главна награда од наградна игра на УНИБанка и МasterCard мислев дека некој се шегува со мене и навистина бев многу изненадена. Веднаш му се јавив на мојот сопруг, но и тој ја имаше истата реакција и ми кажа дека сигурно некој од нашите пријатели се шегува по телефон”.
Но сепак пријатното изненадување за Емине Биљали стана реалност дента кога таа дојде во Скопје да го подигне ваучерот.
На спа викендот таа ќе го понесе својот сопруг и заеднички ќе уживаат во прекрасниот амбиент на познатиот хотел од висока класа - Кемпински, во неговиот спа центар, како и на ски терените во Банско.
Покрај главната награда, не помалку вредни беа и трите награди од Техномаркет – LCD телевизор, лап – топ компјутер и дигитална камера.
Добиникот на LCD телевизорот, Зоран Илиќ од Скопје заедно со својот син и со многу вкусна торта дојде да си ја подигне својата награда.
Александар Максимов, допатува од Свети Николе да си го подигне лап – топ компјутерот. Како што ни изјави, особено е возбуден бидејќи ова е прва награда што воопшто ја освојува.
Убавите моменти во иднина ќе ги снима Елизабета Србиновска – Костовска од Скопје со својата нова дигиталната камера.
Право на учество во наградната игра имаа сите корисници на МasterCard и Maestro картички од УНИБанка кои од 3 декември 2009 до 11. февруари 2010. година, направиле трансакции во трговијата над 3.000 денари.

























