Електронското банкарство на УНИБанка
Виртуелна експозитура
Електронското банкарство на УНИБанка овозможува брзо, ефикасно и пред се сигурно извршување на плаќањата од Вашата сметка преку било кој компјутер приклучен на интернет. Електронските трансакции се извршуваат со употреба на најсовремени технологии за заштита на податоците и со највискоки безбедносни стандарди според светски критериуми.
Овој вид на услуга, пред се, е наменета за сите кои сакаат да бидат во чекор со најновите трендови во банкарското работење и да заштедат време и средства при извршување на банкарските работи.
Упатство за користење на Виртуелната Експозитура на УНИБанка
Пет причини да се избере виртуелната експозитура на УНИБанка
- Сигурност - УНИБанка користи најсовремени методи на заштита на информациите. Од една стрна корисникот се идентификува со пин, а од друга страна Банката тоа го идентификува преку единствен електронски потпис. Електронските трансакции се извршуваат со употреба на најсовремени технологии за заштита на податоците и со највискоки безбедносни стандарди според светски критериуми.
- Брзина - Заштеда на време, се избегнува чекањето ред на шалтерите на банката, се избегнува гужвата во сообраќајот, проблемите со паркинг местата и слично.
- Помали трошоци - Пониски провизии за извршени платни трансакции.
- Удобност - Без да се излегува од дома или од канцеларија, од било кое место каде што се наоѓате, сигурен, брз и едноставен пристап до сите безготовински банкарски услуги во делот на платниот промет. Во реално време добивате целосна информација за прометот и состојбата на сметките.
- Секој може да ги користи услугите на виртуелната експозитура - Можност да го користат сите клиени кои веќе имаат оворено сметка во банката и нови клиенти на Виртуелната експозитура на банката.
Услугите што се нудат за правни лица
- Безготовински плаќања со платни инструменти ПП30 и ПП50
- Исплата на плати со користење на платен инструмент ПП53
- Внес и реализација на налози со идна валута
- Преглед на тековен извод
- Преглед на изводи за минати години
- Преглед на налози со детално следење на статусот на налогот
- Извештај за сите приливи и одливи на сметката
- Извештај за состојбата на сметката во секое време
- Следење на курсни листи за тековен датум
- Извештај за курсни листи за минати датуми
Услугите што се нудат за физички лица
- Безготовински плаќања со платни инструменти ПП30 и ПП50
- Плаќање на режиски трошоци
- Внес и реализација на налози со идна валута
- Преглед на тековен извод
- Преглед на изводи за минати години
- Преглед на налози со детално следење на статусот на налогот
- Извештај за сите приливи и одливи на сметката
- Извештај за состојбата на сметката во секое време
- Следење на курсни листи за тековен датум
- Извештај за курсни листи за минати датуми
|
Крај на прием на налози |
|
| Налози процесирани преку сервисот на КИБС |
14:00 часот |
| Налози процесирани преку сервисот на МИПС |
16:15 часот |
| Налози процесирани преку интерен начин на плаќање |
19:45 часот |

























