Соопштенија
УНИБанка двојно ја намали отплатата на месечните рати кај кредитните картички
УНИБанка ги намали месечните рати кои корисниците на кредитните картички VISA и MasterCard треба да ги отплатат за искоритениот износ од кредитниот лимит.
Месечниот минимум за плаќање наместо 10%, односно 7 %, сега се намалува на 5% од износот на искоритениот кредитен лимит. По уплатата на средствата за отплата на долгот овозможено е автоматско обновување на кредитниот лимит.
Со отплата на помал износ всушност се намалува месечното оптоварување за корисникот на картичката.
Клиентите кои сакаат и понатаму да го плаќаат месечниот минимум кој досега го плаќале, односно минималниот износ да биде поголем од 5% од износот на искористениот лимит, можат да се обратат во најблиската експозитура на УНИБанка.
Корисниците на кредитни картички од двата светски бренда MasterCard и VISA, издадени од УНИБанка можат да располагааат со средства насекаде низ светот и да вршат плаќања на стоки и услуги во над 28 милиони продажни места во земјата и странство како и преку Интернет.

























