Кредит за вработени во приватен сектор со плата во УНИБанка
Кредит за вработени во приватен сектор со плата во УНИБанка
| Износ на кредитот | Денарски кредит и тоа минимум 14.000 денари максимум 600.000,00 денари вклучително камати и трошоци |
|---|---|
| Каматна стапка |
|
| Метод на пресметка | Пропорционален |
| Рок на враќање | До 96 месеци |
| Начин на користење на средствата | Еднократно |
| Начин на плаќање | Со цел семејството полесно да ги планира месечните расходи, плаќањето на кредитот се врши во еднакви месечни ануитети. |
| Обезбедување | Aдминистративна забрана и меница со менична изјава од кредитокорисникот. До 100.000,00 МКД без жиранти. За износи над 100.000,00 МКД, потребни се еден, два или три жиранти. |
| Надомест за одобрување на кредитот |
|
|---|---|
| Надомест за предвремено враќање |
0% на предвреме вратената главница |
| Предоговарање на условите | 600,00 денари за промена на услови |
За овој кредит може да аплицира секој граѓанин кој истовремено ги исполнува следните услови:
- Да е кредитоспособно физичко лице
- Да е вработено по Договор на неопределено време со документирани месечни приходи
- Клиенти кои се вработени на определено време може да аплицираат за кредит во следниве случаи:
- доколку рокот на кредитот истекува пред рокот на договорот за работа
- доколку обезбедат жирант/и, вработен/и на неопределено време
| Старосна граница |
Кредитобарателот треба да е кредитоспособно физичко лице македонски граѓанин на возраст од минимум 18 години до макисимално 64 години во кои влегуваат навршените години на старост плус периодот на враќањето кредитот |
|---|---|
| Неопходен доход на кредитокорисникот |
1) Минимален нето доход од 5.500 МКД без вклучени дополнителни примања; |
Доколку ги исполнувате условите за одобрување на кредитното барање неопходно е :
- Комплетно и уредно да ги пополните формуларите од Банката и да ги приложите сите останати документи посочени од вработеното лице во Банката.
- Ќе добиете одговор во рок од 3 работни дена.
- Доколку кредитното барање биде одобрено се склучува Договор за кредит и ако е потребно Договор/и за жиранство.
- Кредитобарателот и жирантите треба лично да дојдат во Банката за да ја потпишат потребната документација.
Средствата од кредитот можете да си ги подигнете веднаш, истиот ден по потпишување на неопходните документи.
- Договор за вработување, односно М1/М2
- Копија од претходни договори за вработување на вработени на определено време
- Заверени рекапитулари за последни 6 месеци
- Потврда за редовен работен однос (образец на УНИБанка)
- Потврда за плата (образец на УНИБанка)
- Административна забрана (образец на УНИБанка)
























