УНИ СМС

УНИБанка нуди услуга со која сите корисници на кредитни и дебитни картички имаат можност за добивање на навремена информација за авторизации направени со картичките во земјата и странство, непосредно по реализираната трансакција, преку смс известувања.
Користењето на оваа услуга ќе ви овозможи:

  • Утврдување на потенцијална злоупотреба, навремена реакција и безбедносни мерки;
  • Намалување на можноста за повеќекратно задолжување за ист производ/услуга;
  • Известување и потврдување на успешно/неуспешно реализирана трансакција;
  • Сигурност и високо ниво на заштита од евентуални злоупотреби и измами;
  • Можност за контрола на вашите трансакции;
  • Следење на трансакциите, независно дали сте во земјата или во странство;

КАКО ДА ЈА АКТИВИРАТЕ УСЛУГАТА?

Во некоја од експозитурите на Банката пополнете го барањето за користење на оваа услуга со документ за лична идентификација.
Во барањето наведете мобилен телефонски број на еден од овластените мобилни оператори во Р. Македонија. 

  • Со пополнување на барањето за услугата УниСМС, добивате информација за авторизации со сите картички (основни и дополнителни) кои сте овластени да ги користите.
  • Услугата УниСМС ќе ви биде овозможена во рок до 3 работни дена од датумот на приемот на барањето во Банката.
  • СМС известувањето содржи информации за типот на трансакција, износ, бренд на картичката и опис на терминалот.
  • За користење на услугата УниСМС се наплаќа надомест согласно Тарифата на Банката.
Општи услови за УниСМС услуга
Барање за УниСМС услуга