Политика на приватност на УНИБанка АД Скопје

УНИБанка АД Скопје (во понатамошниот текст: Банката) ја почитува приватноста на нејзините клиенти, па затоа правото на приватност и заштитата на личните податоци на корисниците претставуваат приоритет за Банката. Банката ги користи личните податоци на своите клиенти во согласност со Законот за заштита на лични податоци и други соодветни регулативи на Република Македонија. Ги имаме превземено сите технички и организациски мерки за да обезбедиме заштита при обработка на личните податоци, со што би спречиле нивна злоупотреба или неовластен пристап. Вработените во Банката се обврзани да ги чуваат личните податоци и се обучени да обезбедат тајност и заштита при нивна обработка.

Оваа Политика на приватност се однесува само на нашата интернет страна и важи за посетителите на истата како и за соодветните информации споделени и/или собрани од неа.

Вашите лични податоци нема да бидат споделувани со други физички или правни лица, освен во случаи утврдени со закон.

Собирање и обработка на лични податоци

При посета на нашата страна, Банката не ги собира вашите лични податоци, освен IP адресите кои се различни за секој корисник, заедно со уште неколку технички податоци во врска со сесијата, односно посетата на интернет страницата.

Банката користи Cookies за собирање информации од корисниците, за регистрирање на специфични информации за тоа кои страни ги посетил корисникот, како и да ја прилагоди содржината на нашата интернет страна врз основа на типот на пребарувачот на посетителот или други информации кои посетителот ги праќа преку пребарувачот.

Што се “Cookies”?

Cookies се мали, криптирани текст датотеки, кои се наоѓаат во вашиот интернет пребарувач. Се користат од страна на креаторите на интернет страните за да им помогнат на корисниците за движење низ интернет страните, како и за извршување на одредени функции. Тие се креираат кога вашиот пребарувач вчитува одредена интернет страна. Интернет страната праќа информации до пребарувачот, кој потоа креира текст датотека. Секој пат кога корисникот ќе пристапи на истата интернет страна, пребарувачот ја испраќа креираната текст датотека до web серверот. Cookies не се креираат само од интернет страната на која корисникот и пристапува преку пребарувачот, туку тие се креираат и од други страни кои што имаат огласи и реклами на страната што ја посетувате.

Доколку сакате да ги исклучите Cookies, тоа можете да го сторите преку опциите во вашиот пребарувач. Повеќе детални информации за управување со Cookies за одредени интернет пребарувачи може да најдете на официјалните интернет страни на интернет пребарувачите.

Промена на оваа Политика на приватност

УНИБанка го задржува правото во секое време да ја измени или дополни оваа Политка на приватност. За секое нејзино изменување или дополнување ќе биде поставено видливо известување на нашата интернет страница.