УНИ ТОКЕН ИНСТАЛИРАН НА ВАШИОТ МОБИЛЕН УРЕД

Што представува УНИ Токен

УНИ Токен претставува софтверска апликација на УНИБанка која се инсталира и користи преку мобилен уред, а служи за идентификација на корисникот и потврда на плаќањата иницирани преку електронското банкарство Е-UNIBanka, како и преку мобилната апликација My UNIBank.

За да можете да потпишувате трансакции со УНИ Токен, потребно е да ја инсталирате апликацијата на Вашиот мобилен уред, да го скенирате QR кодот кој ќе го добиете во експозитурите на УНИБанка и да ја поминете постапката на регистрација на УНИ Токен согласно упатствата на Банката.

По извршената инсталација и регистрација на УНИ Токен, за понатамошното користење на апликацијата не е потребно мобилниот уред да биде поврзан на Интернет.

Која е предноста на УНИ Токен

МОБИЛНОСТ - Со УНИ Токен можете безбедно да ги користите услугите кои УНИБанка ги нуди преку електронското банкарство Е-UNIBankaод кој било компјутер со Интернет било каде во светот како и преку мобилната апликација My UNIBank;

КОМПАТИБИЛНОСТ – Со УНИ Токен можете да потпишувате трансакции без никакво ограничување од типот на уредот кој го користите за електронско банкарство (компјутер, таблет или телефон), верзијата на оперативениот систем на уредот или тип и верзија на интернет пребарувачот.

ПОВЕЌЕКРАТНА СИГУРНОСТ – При најава во системот и извршување на трансакциите сигурноста е гарантирана со комбинација на Вашето корисничко име и лозинка за пристап во системот; лозинката за влез во апликацијата УНИ Токен, ПИН кодот на УНИ Токен како и еднократната лозинка генерирана од УНИ Токен; Еднократната лозинка во комбинација со претходно наведените елементи се користи за потпишување на кокретна трансакција или повеќе трансакции одеднаш, при што со генерирањето на кодот освен корисникот се валидираат повеќе компонети од самата трансакција со што се зголемува нивото на сигурност на потпишување.

ДОПОЛНИТЕЛНА ОПЦИЈА- во мобилната апликација My Unibank, УНИ Токен можете да го користите и за потпишување трансакции на износи над лимитите одбрани од Вас, до кои потпишувате само со лозинка.

 

Што да направам за да користам УНИ Токен за плаќањата

  • Посетете ја најблиската експозитура на УНИБанка
  • Комплетирајте ги сите потребни документи
  • Преземете ја апликацијата во зависност од Вашиот мобилен уред (во моментов на Google Play и AppStore)
  • Најавете со со ПИН-от (4 цифрен број) кој го добивте на Вашиот е-маил, скенирајте го QR кодот кој ќе Ви го дадат од УНИБанка и креирајте лозинка (6 цифрен број) за влез во апликацијата УНИ Токен
  • Вработените во УНИБанка ќе го регистрираат Вашиот мобилен токен на сметките од кои сакате да плаќате

Како работи УНИ Токен

А. Потпишување на валидно пополнет налог преку сервисите достапни на web се реализира преку следните чекори

  1. После избор на полето “Авторизирај” на мобилниот уред на кој е инсталиран УНИ Токен се појавува порака која содржи QR код кој треба да се скенира
  2. Се најавувате на апликацијата УНИ Токен со употреба на лозинката (6 цифрен број) за влез во апликацијата и го скенирате QR кодот. Успешното скенирање значи дека ќе Ви се појави еднократна лозинка (6 цифрен број) која ќе можете да ја употребите само за конкретното плаќање
  3. На означеното место на web се внесува најпрво ПИН кодот (4 цифрен број) па потоа во продолжение и генерираната еднократна лозинка (6 цифрен број) и со потврда на акцијата, налогот е потпишан.

Б. Потпишување на валидно пополнет налог преку сервисите достапни на My UNIBank се реализира преку следните чекори

  1. После избор на полето “Потпиши” се појавува порака која со информација дека ќе бидете пренасочени кон апликацијата УНИ Токен
  2. Се внесува лозинката за влез во апликацијата УНИ Токен (6 цифрен број) после која Ви се појавува еднократна лозинка (6 цифрен број) со деталите за конкретното плаќање
  3. Во следниот екран во полето ПИН се внесува ПИН кодот (4 цифрен број) и со потврда на акцијата, налогот е потпишан.