Потрошувачки кредит

FLASH потрошувачки кредит, одобрување за 30 минути. 

Износ на кредитот До 1.200.000 мкд
Kаматна стапка

При одобрувањето, висината на каматната стапка е определена од соодносот на вкупни месечни задршки и вкупни месечни приходи на клиентот, како и од редовните месечни приливи (плати, закупнини) по сметката за плаќање на клиентот во Банката, не пониски од 10.000,00 мкд

Клиенти со редовни месечни приливи (плати, закупнини) во Банката, не пониски од 10.000,00 мкд и вкупни месечни задршки до 50% од вкупните месечни приходи

  • Од 5,9% фиксна за првите две години
  • 7,9% фиксна за останат период

Други клиенти

  • Од 8,5% фиксна за првите две години
  • 10,5% фиксна  за останат период


(Годишни стапки на вкупни трошоци)

Рок на враќање

До 95 месеци

Трошоци
  • од 1% на одобрен износ + 600 мкд
  • БЕЗ надомест за предвремена отплата
Обезбедување
  • До 600.000 мкд без жиранти
  • Од 600.001 мкд до 1.200.000 мкд - еден жирант или солемнизиран договор
Критериуми

Клиенти со возраст од минимум 18 години до максимално 70 години, вклучувајќи го периодот за отплата на кредитот.
Дополнителни приходи кои можат да се документираат се земаат во предвид при оценка на кредитоспособноста на клиентите по оценка на Банката.

Документи
  • Апликација за потрошувачки кредит;
  • Потврда за вработување и лични примања, Согласност за АЗ и АЗ;
  • Документ за лична идентификација;
  • Имотен лист од сопственик на имотот (за кредит со солемнизација на договор);
  • За кредитобарател вработен во приватен сектор без плата во Банката, извод од трансакциска сметка со евидентирани приливи од плата за последни 3 месеци;
  • Останата документација по барање на Банката.
 

При одобрување на потрошувачкиот кредит, на кредитокорисникот му се овозможува користење и на следните продукти, по доставено барање:

  • лимит на кредитна картичка до 100.000 мкд и дозволено пречекорување до 100.000 мкд,
  • бесплатно СМС известување и мобилно банкарство.

Калкулатор за кредити
Износ на кредитот
Годишна каматна стапка %
Број на рати
Месечна рата
*Калкулаторот е информативен.
За точна пресметка ве молиме обратете се во најблиската експозитура