Зимски депозит

Карактеристики на депозитниот продукт:

  • За клиенти: физички лица;
  • Тип на каматна стапка: фиксна - непроменлива до истекот на рокот;
  • Валути: денари и евра;
  • Рочности: 12, 24 и 36 месеци;
  • Начин на исплата на камата: декурзивна - по истекот на рочноста;
  • Минимален износ за орочување: 300.000 денари/5.000 евра;
  • Дополнителни уплати: мoжност за дополнителни вложувања во секое време до истекот на рокот на депозитот;
  • Преорочување: депозитот не се преорочува по истекот на рокот;
  • Делумно повлекување на средствата: не е дозволено пред истекот на рокот на депозитот;
  • Предвремено раскинување: можност за предвремено раскинување на целиот износ, при тоа Банката не пресметува камата.

Предности на депозитниот продукт:

  • Стабилност на идните приходи – фиксната каматна стапка нуди гарантирани приходи до истекот на рокот;
  • Нема ограничување во износот и бројот на дополнителните вложувања на депозитот;
  • Високи приходи – конкурентните каматни стапки нудат атрактивни приходи по камата;
  • Сигурност – депозитите се осигурани во Фондот за осигурување на депозити.

За клиенти со редовни месечни приливи (плата/пензија/закупнина) во Банката не пониски од 10.000 денари

 Фиксни каматни стапки:

Исплата на камата по истекот на рочноста

рок

12 месеци

24 месеци

36 месеци

ДЕНАРИ

2,20%

3,00%

3,30%

ЕВРА

1,50%

2,30%

2,50%


За клиенти без редовни месечни приливи или со редовни месечни приливи (плата/пензија/закупнина) во Банката пониски од 10.000 денари

Фиксни каматни стапки:

Исплата на камата по истекот на рочноста

рок

12 месеци

24 месеци

36 месеци

ДЕНАРИ

2,00%

2,80%

3,10%

ЕВРА

1,30%

2,10%

2,30%


*Висината на каматните стапки е определена од редовноста и висината на месечните приливи во Банката, во текот на договорниот рок на депозитот.


Клиентот може опционо да добие:

  •  бесплатно електронско и мобилно банкарство;
  • бесконтактна кредитна картичка со лимит до 30.000 мкд, (со каматна стапка реф + 8 пп);
  • лимит на дозволено пречекорување во износ до 30.000 мкд, (со каматна стапка реф + 8 пп);
  • бесконтактна дебитна картичка.