Kотaција на приватна емисија на обврзници од 5 милиони евра на “УНИ Банка”


Котација на приватна емисија на обврзници од 5 милиони евра на УНИ Банка. Перпетуалните обврзници се должничко - капитален (хибриден) инструмент со специфични карактеристики, кој ќе се тргува на секундарниот пазар од 1-ви март 2019 година и кој банката има намера да го вклучи во својот редовен основен капитал. Ова го објавија претставници на финансиската институција на прес конференција во петок.

Настанот се случи во хотелот DoubleTree by Hilton во Скопје. На него присуствуваа клиенти, преставници на институции и партнери на „УНИ Банка”,  како и познати претставници на деловниот свет во земјата. Одлуката за котација на перпетуални обврзници, издадени од страна на „УНИ Банка” е донесена од Македонската берза во средината на февруари, се дозна за време на брифингот.

„Специфичните карактеристики на овој финансиски инструмент произлегуваат од тоа што издадените обврзници немаат рок на достасување и можноста Банката да го укине плаќањето на камата соопшти за време на коктелот Владислав Хаџидинев, извршниот директор на „УНИ Банка”.
Хаџидинев дополни, дека сето ова е новост на домашниот пазар на хартии од вредност, како и за македонскиот финансиски систем.

 Каматата е фиксна и изнесува 9%, на годишна основа за првите пет години.

Обврзниците се некумулативни, неконвертибилни, преносливи, субординирани, необезбедени, без рок на достасување, со фиксна каматна стапка, додадоа уште од „УНИ Банка”.

За повеќе информации: http://www.unibank.mk/files/attachments/Prospekt.pdf