Станете дел од тимот на УНИБанка

Заменик директор на Дирекција Човечки ресурси


Kвaлификации:

  • Завршено високо образованиe;
  • Добри познавања во областа на психологијата;
  • Претходно работно искуство најмалку 3 години на позиција Менаџер за човечки ресурси или слична раководна позиција;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на Microsoft Office;
  • Возачка дозвола Б категорија.

Избраниот кандидат треба да поседува:

  • Менаџерски и лидерски способности;
  • Подготвеност за превземање одговорност и иницијатива;
  • Активно и проактивно однесување насочено кон остварување на работите;
  • Висок личен интегритет, деловен и професионален однос;
  • Комуникациски, организациски и аналитички вештини.

Од кандидатот се очeкува:

  • Раководење и организација на процесите од областа на човечките ресурси;
  • Изработка на стратегија за управување со човечки ресурси во рамките на компанијата;
  • Активна поддршка на целокупната проблематика поврзана со човечките ресурси во компанијата;
  • Развој на човечки потенцијал во банката - обука, развој на знаење, вештини и квалитети кои помагаат во развојот на деловната активност во банката; ·        Партнерство со други раководители за постигнување деловни цели.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик со фотографија и мотивационо писмо на jobs@unibank.com.mk или на адреса: Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје,  најдоцна до 26.08.2019 година.